Германците сè уште очекуваат висока инфлација

34

Песимизмот на Германците за поскапувањата се намалува. Сепак, во споредба со времето пред пандемијата и војната во Украина, луѓето сè уште сметаат на релативно висока инфлација.
Во јануари стапката на инфлација која граѓаните ја очекуваат во просек во следните 12 месеци падна на 5,9 отсто, покажуваат податоците на централната банка.

Тоа значи дека очекуваната стапка на инфлација, односно раст на цените, е за 2,3 процентни поени пониска од максимумот постигнат во октомври минатата година. Долгорочните очекувања за следните пет години исто така паднаа и сега изнесуваат пет проценти.

Без разлика на намалувањето, очекуваната инфлација и натаму е висока.

Пред пандемијата и руската агресија врз Украина, Германците сметаа на раст на цените во опсег од еден до два отсто, што е многу блиску до целта за инфлација на Европската централна банка (ЕЦБ), која ја одржува стабилноста на еврото.

Сепак, недостигот на енергија и проблемите со снабдувањето во глобалната трговија предизвикаа силен пораст на очекуваната и реалната инфлација.

За монетарната политика на ЕЦБ, инфлациските очекувања на граѓаните се речиси исто толку важни како и фактичката инфлација. Имено, современата монетарна политика главно се води преку управувањето со очекувањата.

Ако приватните домаќинства стравуваат дека инфлацијата ќе биде висока, луѓето бараат и повисоки саатни или месечни плати, што дополнително може да поттикне девалвација на вистинските пари.

Фото: Pixabay