Германија блокираше продажба на фабрика за чипови

88

Германската влада ги блокираше кинеските инвестиции во два домашни производители на чипови, поради загриженоста за националната безбедност и проблематичниот трансфер на чувствителна технологија во Кина.

Владата стави вето на понудата на шведската Silex, подружница на кинеската Sai Microelectronics, за фабрика за чипови во сопственост на Elmos од Дортмунд.

„Мораме внимателно да ги следиме преземањата на компаниите кога станува збор за важна инфраструктура, односно кога постои опасност од пренос на технологија на купувачи од земји надвор од ЕУ“, рече министерот за економија Роберт Хабек во соопштението за печатот.

„Важно е, особено во полупроводничкиот сектор, да го заштитиме технолошкиот и економскиот суверенитет на Германија и Европа. Германија, се разбира, сè уште е отворена локација за инвестирање и така ќе остане и во иднина, но не сме наивни. “ додаде Хабек.

Elmos не беше достапен за коментар за блокдата на продажба.

Градските власти на Дортмунд, вклучително и градоначалникот Томас Вестфал, стравуваат дека блокадата ќе ги доведе во прашање работните места во фабриката Elmos.