Германија ги задржува даночните олеснувања за купување електрични автомобили до 2035 година

Германската влада има намера да ги задржи даночните олеснувања за електричните возила уште една деценија, изјави министерот за финансии Ларс Клингбеил.

„Сега ни требаат стимулации за да имаме значително повеќе електрични автомобили на патиштата во наредните години“, изјави Клингбаил за ДПА. „Затоа продолжуваме да ги ослободуваме електричните автомобили од данок“.

Клингбаил додаде дека наскоро ќе презентира нацрт-закон што ќе ја замени постојната регулатива.

Ослободувањето од данок за новорегистрирани електрични возила обично истекува на крајот од годината.

Клингбаил планира да го продолжи тој рок за уште пет години, со можност за продолжување за максимум уште пет години, односно до крајот на 2035 година.

Олеснувањето од данок ќе биде дел од поширок пакет што ќе биде тема на автомобилскиот самит во кабинетот на канцеларот Фридрих Мерц во четврток.

„Ни треба силен пакет што ќе ја насочи германската автомобилска индустрија кон иднината и ќе ги зачува работните места“, рече Клингбаил. „Сакаме најдобрите автомобили да продолжат да доаѓаат од Германија“.

Според него, „сите знаат дека иднината е електрична“, а домашната автомобилска индустрија сега е во процес на трансформација.