Германија ќе ја зголеми прогнозата за инфлација за 2022 година на 6,1 отсто

34

Се очекува германската влада да ја зголеми прогнозата за инфлацијата за оваа година на 6,1 отсто поради влијанието на војната во Украина, од 3,3 отсто во јануари, според владиниот документ објавен од Ројтерс.
Официјален Берлин во среда треба да ги претстави пролетните економски прогнози во кои инфлацијата за оваа година е проектирана на 6,1 отсто, додека во 2023 година би требало да забави на 2,8 отсто.

Годишната инфлација во Германија се искачи на највисокото ниво во последните 40 години во март, бидејќи цените на природниот гас и нафтата пораснаа по руската инвазија на Украина, а сметките за гас и струја за домаќинствата кои потпишуваат нови договори достигнаа рекордно високо ниво.

Според пролетните прогнози на германската влада, потрошувачката годинава ќе порасне за 9,7 отсто, што е за 0,6 процентни поени повеќе од прогнозата во јануари, а во 2023 година би требало да порасне со стапка од 4,8 отсто.

Пролетните прогнози на германската влада очекуваат стапката на невработеност да падне на еден процент оваа година, од 5,7 отсто во 2021 година и да остане стабилна следната година.

Истражувањето минатата недела покажа дека еден од 10 потрошувачи во Германија посегнал да заштеди за да ги поднесе зголемените трошоци. Наглото поскапување на енергенсите ги погодува и компаниите. Истражувањето објавено во понеделникот покажа дека речиси половина од германските компании планираат да ги намалат инвестициите поради зголемените трошоци за енергија.