Германија ќе ја зголемува минималната плата по час на 14,60 евра

Германија постепено ќе ја зголемува минималната часовна плата на 14,60 евра од сегашните 12,82 евра до 2027 година, според предлозите на владината комисија.
Планирано е минималната часовна плата да се зголеми на 13,90 евра на почетокот на 2026 година.

Од минатата година, Германија има највисока минимална плата во ЕУ, по Луксембург, кој пропишува месечен минимум од 2.638 евра.

Три други земји од ЕУ имаат национална минимална плата над 2.000 евра месечно – Белгија, Холандија и Ирска, објавува Ројтерс.

Овој предлог на комисијата, која е составена од работодавачи и претставници на синдикатите, мора да го спроведе германското Министерство за труд.

Фото: Pixabay