
Во Германија, цените на становите се искачија на нов рекорден максимум поради големата побарувачка и недостатокот на понуда, објави платформата Europace.
Вредноста на индексот на станови (EPX) во новоградбата за Германија се зголеми во мај за околу два проценти во споредба со истиот период минатата година и изнесуваше 239,4 поени, што е историски максимум, објавува Bloomberg.
– Структурниот дефицит на пазарот обезбедува стабилна побарувачка, што се забележува во речиси сите сегменти – изјави претседателот на германската компанија Value, Себастијан Хајн, кој додаде дека темпото на изградба на нови станови во Германија е сè уште недоволно.
Новата владејачка коалиција во Германија вети дека ќе го зголеми обемот на изградба на нови станови, меѓу другото, со ублажување на регулативите во градежниот сектор.
Фото: Pixabay