Германија: Нов штрајк на вработените во аеродромите и железницата

32

Германските граѓани во четврток и петок ќе се соочат со нови масовни штрајкови во транспортниот сектор, кои ќе погодат неколку аеродроми и целиот железнички сообраќај, беше најавено во средата.
„Не сакаме да ги казнуваме патниците, туку да го зголемиме притисокот врз железничката управа“, изјави претседателот на синдикатот на вработени во железничкиот сектор ЕВГ, Козима Ингеншај.

Како причина за штрајкот на целиот железнички сектор, кој ќе се одржи в петок од 3 до 11 часот, таа ги наведе тешкотиите во преговорите за новиот тарифен договор.

ЕВГ преговара за своите вработени да ги зголемат платите за најмалку 650 евра и го отфрла предлогот на работодавачот ЕВГ да се усогласи и со неодамна постигнатиот договор меѓу вработените во јавните служби и државните работодавачи.

Дојче бан (ДБ), најголемиот работодавач во преговорите со ЕВГ, го критикуваше најавениот штрајк кој, според неговите претставници, и покрај тоа што е ограничен на половина ден, ќе предизвика големи тешкотии во сообраќајот.