Германија продава удел во Lufthansa

39

Германската влада планира да продаде околу една четвртина од својот 20 процентен удел од акциите во Lufthansa во наредните недели, објави денеска германската финансиска агенција, повикувајќи се на позитивните деловни трендови на таа авиокомпанија.

Акциите на Lufthansa паднаа за 4,9 % на 8,81 евра во утринското тргување, пренесува Ројтерс.

Државата се здоби со 20% сопственички удел за 300 -те милиони евра како дел од помошта за спасување на германската авиокомпанија, која, како и целиот воздухопловен сектор во светот, беше погодена од кризата со корона вирусот.

Фото: Pixabay