Германската автомобилска индустрија се лизга во криза

Во првите месеци од оваа година, германската автомобилска индустрија се надеваше дека на економскиот пад во индустријата му се ближи крајот. Се покажа дека подемот во тоа време беше привремен.

Расположението на автопроизводителите повторно се влоши, а бизнисот е забавен. Во јули показателот на економскиот институт Ифо е -18,3 поени, по -9,5 претходниот месец, јавува ДПА.

„Автоиндустријата сè повеќе запаѓа во криза“, изјави во понеделникот експертот на Ifo за овој сектор, Анита Волф.

Сега автомобилските компании ја опишуваат моменталната состојба како полоша од јуни, а послаби се и очекувањата за следните три месеци.

„Во следните месеци, тешко дека може да сметате на значително подобрување“, рече Велф.

Според Ифо, вработеноста на производствените капацитети паднала на 77,7 отсто, што е девет отсто помалку од долгорочниот просек. И очекувањата за извоз потонаа, за разлика од минатата пролет.