Германски Билд воведува претплата за некои интернет содржини

45

bildГерманскиот дневен весник Билд најави дека од следниот месец ќе почне да наплаќа за одредени текстови објавени на интернет страната. Повеќето текстови ќе останат бесплатни на интернет, но ќе биде потребна претходна регистрација за да може да се читаат.

Од 11 јуни основната дигитална претплата ќе изнесува 4,99 евра месечно и двојно повеќе за премиум изданијата во кои спаѓа дигиталната верзија на Билд.

Билд на читателите ќе им понуди и печатена копија по цена од 70 центи и шифра за содржина на интернет. Шифрата ќе биде единствена за секое печатено издание.

Ваквата одлука се должи на опаѓање на тиражот на печатеното издание за 8% во првиот квартал од годинава, како и на приходите од рекламирање, но и на менување на стратегијата и вртењето кон бизнис модели базирани на интернетот.