Германски гигант воведува 4-дневна работна недела: Сакаат да бидат „атрактивен“ работодавач

169

Познатиот германски производител на облека Гeри Вебер (Gerry Weber), им дозволува на своите вработени да одлучат дали во иднина сакаат да работат четири или пет дена во неделата.

„Храброста и довербата се секогаш добри, тоа е моето верување“, изјави шефицата на Гeри Вебер, Анџелика Шиндлер-Обенхаус за дневниот весник Bild.

Според неа, тој модел се исплати и на компанијата и на вработените.

„Вработените имаат свои потреби, кои може да се променат во зависност од нивната животна ситуација“, додаде таа.

Колку пофлексибилни се рамковните услови на работодавачот, толку повеќе може да се задоволат овие потреби.

„На вработените им даваме автономија и самоодговорност. Тие го сфаќаат ова како признание и придонесуваат за поголема мотивација и лојалност“, објасни таа.

Гери Вебер има намера во иднина да биде атрактивен работодавач.

Според неа, на Германија ѝ е потребен ваков модел поради недостаток на професионална работна сила.