Германски компании загубија 203 милијарди евра поради сајбер напади

62

Бизнисите во Германија изгубиле 203 милијарди евра во 2021 година преку кражба на компјутерска опрема и податоци, шпионажа и саботажа. Тоа е за дваесет милијарди помалку од претходната година, но речиси двојно повеќе од 2018 и 2019 година.

Забележливо е зголемување на бројот на напади од Русија и Кина.

Имено, 43 отсто од компаниите ја идентификувале Кина како почетна точка на најмалку еден напад. Претходната година тој процент беше 30 проценти. Бројот на компании кои регистрирале напади од Русија истовремено се зголемил од 23 на 36 отсто.

„Заканата од сајбер-напади се најде во целосен фокус на политиката и економијата по рускиот напад врз Украина и ескалацијата на хибридната војна. И покрај тоа, заканите се големи“, изјави претседателот на Битком, Ахим Берг.

Авторите на студијата укажуваат на интензивната миграција на нападите во дигиталниот простор. Речиси четири петтини од компаниите, 79 отсто од нив, пријавиле кражба на ИТ или телекомуникациски уреди, а 63 пријавиле кражба на податоци.

Повеќе од половина од анкетираните компании, 57 отсто, се убедени или барем се сомневаат дека нивната дигитална комуникација се шпионира, а 53 отсто дека нивните производствени и комуникациски системи се мета на саботери.

Во доменот на аналогната технологија, саботажа забележале само 22 отсто од компаниите.