Германски производител на автоделови укинува повеќе од илјада работни места

180

Германскиот производител на автоделови Schaeffler најави дека ќе укине вкупно 1.300 работни места до 2026 година, од кои повеќето во Германија.
Schaeffler ќе укине приближно 1.000 работни места во Германија, објаснувајќи дека сака да се ослободи од вишокот капацитет и да ги намали фиксните трошоци, особено во одделот за автомобилска технологија.

Работните места ќе бидат укинати главно во администрацијата и во одделот за истражување и развој на мотори со внатрешно согорување, но помал број ќе се скратат и во погоните. Schaeffler очекува дека отпуштањата ќе им заштедат околу 100 милиони евра годишно.

Во последниот круг на реструктуирање во 2020 година, компанијата веќе отпушти 4.400 работници и моментално вработува речиси 83.000 од нив ширум светот. Во сегашното опкружување, „веќе не е доволно да се биде само технолошки лидер“, рече директорот на одделот за автомобилска технологија Матијас Цинк, клучно е Schaeffler да има „конкурентна структура на трошоци“.