Германски производител на автомобили прогласи банкрот и ги продава своите модели за 600 евра

Германска автомобилска компанија официјално објави банкрот, принудена да ги продава своите модели за џабе.

Станува збор за производител кој одлучи да тргне поинаков пат од домашната, веќе добро воспоставена конкуренција, но сега гледа како неговите деловни резултати драстично се намалуваат, што доведе до официјално прогласување банкрот во Германија.

Станува збор за Sono Motors, стартап кој вети дека ќе ја револуционизира достапната и соларна електрична мобилност, а сега се приближува кон продажба на своите средства.

Компанијата изгради лојална база на поддржувачи преку моделот на групно финансирање, кои веруваа во нејзиниот сон за целосно електричен автомобил со соларни панели на покривот – возило идеално за градот, со нула емисии, минималистички дизајн и одличен сооднос цена-квалитет, објавува Blic.

Нивниот водечки модел, Sono Sion, имаше амбиција да стане „електричен автомобил за сите“, но постојаните одложувања, неможноста за масовно производство и повисоките од очекуваните финални трошоци, во комбинација со силната конкуренција од традиционалните и новите компании кои нудат понапредни модели по пониски цени, доведоа до колапс на компанијата.

Компанијата сега се обидува да започне одново, овој пат како снабдувач на технологија за соларна енергија за возила, но без да продолжи да произведува свои автомобили. Сепак, оние кои сè уште се заинтересирани за некои од нивните модели имаат последна шанса, бидејќи на аукцијата организирана преку официјалната веб-страница на компанијата се продава речиси сè што не е прицврстено за подот – дел од стечајната постапка.

Вкупно 267 предмети ќе бидат понудени на продажба. Меѓу нив се електрични мотори (со почетна цена од 50 евра), поцинкувана каросерија, браници, па дури и цели кутии од жици полни со „разни помали делови“. За љубителите на електрични возила, од најголем интерес веројатно се комплетните прототип возила со вградени соларни панели. Цената на почетната понуда за такво возило е само 600 евра.