Германски производител на чипови најавува милијарди евра инвестиции

173

Германскиот производител на чипови Infineon најави инвестиции од пет милијарди во проширување на производствениот капацитет по силниот раст на профитот и приходите во фискалната 2021/2022 година.

Во фискалната година што заврши во септември, приходите на германската компанија се зголемија за 29 отсто, на 14,2 милијарди евра, се вели во соопштението за медиумите објавено во понеделникот.

Прилагодената оперативна добивка скокна за 63 отсто, на 3,4 милијарди евра.

По рекордната фискална 2021/2021 година. Infineon во новата година очекува уште поголем приход, од 15,5 милијарди евра, со можни отстапувања од 500 милиони евра.

Најавија и инвестиција од пет милијарди евра во нова фабрика во Дрезден со цел проширување на капацитетите во производството на полупроводници, истакнувајќи дека услов за конечниот избор на локацијата е „соодветно јавно финансирање“.

Инвестицијата ќе биде најголема во историјата на Infineon, со планирани до 1.000 нови работни места. Новата фабрика би можела да започне со работа најдоцна во есента 2026 година.