Германскиот БДП падна за 0,4 отсто во последниот квартал од минатата година

25

Бруто домашниот производ на Германија е намален за 0,4 отсто во последниот квартал од 2022 година, во однос на третиот квартал, објави Заводот за статистика.

Трошоците за увоз на енергија и високата инфлација ја погодија потрошувачката кошничка на граѓаните, како и капиталните инвестиции, објави Ројтерс.

Кога ќе ги споредиме податоците од третиот квартал на 2022 година, германскиот БДП забележа благ раст од 0,5 отсто во однос на вториот квартал од истата година.

По укинувањето на попустите за гориво и јавниот превоз, германските потрошувачи потрошиле повеќе пари во четвртиот квартал отколку во третиот, соопшти Заводот за статистика.

Исто така, потрошувачката на домаќинствата е намалена за еден процент во четвртиот квартал.