Германскиот министер им порача на Кинезите: Ние сме отворен пазар, но не сме глупави

74

Германскиот министер за економија Роберт Хабек ја коментираше трговијата меѓу неговата земја и Кина и во таа прилика им порача на Кинезите дека Германците не се глупави.

Тој посочи дека Германија е отворена за зајакнување на врските со Кина, но дека е неопходно да се биде внимателен кога станува збор за кинеските инвестиции.

„Ние сме отворен пазар. Тоа не значи дека сме глупав пазар и затоа треба да бидеме внимателни“, нагласи Хабек.

За него, нема ништо лошо во тоа што кинеските компании инвестираат во Германија, но, како што изјави за CNBC, војната во Украина покажа дека партнер кој изгледа сигурен може многу брзо да испадне дека е тој што краде.

Тој ги издвои индустриите во кои Германија и Кина треба и не треба да имаат блиска соработка, велејќи дека одредени сектори не се на продажба. Како оние кои нема да бидат на продажба, тој истакна делови од здравствениот сектор, индустријата за полупроводници и телекомуникациите, енергијата и критичната инфраструктура, како што се пристаништата во Германија, пренесува CNBC.