Германските економисти очекуваат рецесија оваа година

69

Водечките германски економисти процениле дека германската економија оваа година ќе ја заврши во рецесија, со пад на бруто домашниот производ од 0,1%.

Заедничката прогноза на експертите од големите германски економски институти сега е за 0,2% пониска од онаа од пред половина година, кога се предвидуваше раст со стапка од 0,1%, пренесува dpa.

Сега се очекува кревок раст во следните две години, со стапка од 0,8 и 1,3%. Пред шест месеци, групата објави раст од 1,4% за 2025 година.

Заедно со рецесијата, домашната економија е оптоварена со структурни предизвици. Предизвиците на декарбонизацијата, дигитализацијата и демографските промени, заедно со посилната конкуренција од кинеските фирми, ги диктираат структурните промени кои ги задушуваат долгорочните перспективи на германската економија, рече Џералдин Дани-Кнедлик, шеф на прогнозирање и економска политика на Берлинскиот институт за економски истражувања (DIW).

Групата вклучува експерти од минхенскиот Ифо институт, Килскиот институт за светска економија IfW, Институтот за економски истражувања Хале и Институтот за економски истражувања Лајбниц во Есен.