Германските гиганти го намалуваат производството поради скапиот гас

72

Германската BASF, најголемата хемиска компанија во светот, размислува за натамошно намалување на производството на амонијак поради зголемувањето на цените на природниот гас. Потенцијални последици ќе почувствуваат голем број сектори – од земјоделството до индустријата загазирани пијалоци, изјавија два извори за Ројтерс.
Најголемиот германски производител на амонијак СКВ Пистерик и четврторангираниот Инеос, исто така, рекоа дека не можат да ја исклучат можноста за намалување на производството бидејќи земјата се бори со прекини во снабдувањето со руски гас.

Амонијакот игра клучна улога во производството на ѓубрива, инженерска пластика и течности за намалување на издувните гасови на дизел. Неговото производство, исто така, произведува јаглерод диоксид со висока чистота (CO2) како нуспроизвод, кој и е потребен на индустријата за месо и сода.

Во септември, BASF го намали производството на амонијак во своето седиште во Лудвигсхафен и во својот голем хемиски комплекс во Антверпен, Белгија. Намалената стапка на производство би можела дополнително да се намали, но компанијата прво внимателно ќе ги испита негативните ефекти, велат двајца од изворите.

BASF изјави за Ројтерс дека ќе продолжи да ги задоволува своите внатрешни потреби за амонијак и побарувачката на надворешни клиенти, но одби да ги открие стапките на искористување на постројките.

Производителот на вештачки ѓубрива Јара, кој ја води третата по големина германска фабрика за амонијак во северниот град Брунсбител, рече дека неговото производство низ Европа во моментов е 27 отсто под капацитетот поради скокот на цените на гасот.

Компанијата СКВ наведува дека е во процес на враќање на целосно производство по планираниот прекин на работата поради ремонт, но дека идната стапка на искористеност на капацитетите е исклучително тешко да се предвиди.

Хемиските компании се најголемите индустриски потрошувачи на природен гас во Германија, а амонијакот е единствениот производ со интензивен гас во таа индустрија.