Германските складишта за гас се полни повеќе од 80 проценти

61

Германските капацитети за складирање природен гас во моментов се полни повеќе од 80 отсто, што укажува на постојан напредок и покрај драстичното намалување на испораките од Русија во услови на војна во Украина.

Според податоците објавени во вторникот, складиштата за гас во Германија, најголемата европска економија, се полни 80,14 отсто, пренесува Бета.

Германските власти велат дека складиштата за гас „постојано се полнат“, но предупредуваат дека тридневната суспензија на испораките преку гасоводот Северен тек 1 од Русија, планирана за следната недела, „би може привремено да ја забави“ таа активност.

Природниот гас се користи за напојување на индустријата, загревање домови и канцеларии и производство на електрична енергија.

Зголемувањето на резервите на гас е клучен фокус на германската влада откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, за да и помогне на земјата да избегне пречки во индустријата поради зголемената зимска побарувачка.

Германските складишта за гас беа полни околу 56 отсто кога руската државна компанија Газпром почна да ги намалува испораките преку гасоводот Северен тек 1 во средината на јуни. Русија тогаш како причина за намалувањето ги наведе техничките проблеми, што германските власти го отфрлија како изговор да ја покаже руската политичка моќ.