Германските складишта за гас се полни речиси 75 проценти

46

И покрај намалувањето на испораките на гас од Русија, нивото на зафатеност на германските складишта за гас за зимата достигна речиси 75 отсто, покажаа  објавените податоци од европските оператори за складирање гас.

Според последните расположливи податоци, во вторник исполнетоста изнесува 73,7 отсто, што е за 0,55 процентни поени повеќе од претходниот ден.

Од минатиот петок, стапката на искористеност се зголеми за повеќе од 0,5 процентни поени дневно, и покрај значително намалените испораки од страна на руски Газпром.

Информациите за искористеноста се објавуваат со задоцнување од два дена.

Новите германски прописи предвидуваат дека магацините мора да бидат полни најмалку 75 отсто до 1 септември, потоа најмалку 85 отсто на 1 октомври и најмалку 95 отсто на 1 ноември.

Најголемиот германски магацин, кој се наоѓа во Реден во Долна Саксонија, во вторникот бил полн со 51,5 отсто.