Германските складишта за гас се веќе речиси 100 отсто полни

89

Капацитетите за складирање гас во Германија се веќе речиси 100 отсто полни, но здружението за складирање ИНЕС вели дека е можно да се складира уште малку пред времето да стане постудено.

„Под оптимални услови, сосема е можно капацитетите за складирање на гас да достигнат ниво на искористеност поголемо од 100 проценти“, рече извршниот директор на ИНЕС, Себастијан Блешке.

Факторите како што се температурата, огревната вредност или дури и притисокот на гасната мрежа влијаат на тоа колку гас може да се складира.

Сепак, тој предупреди да не се чека предолго пред да се додаде дополнителен гас во складиштата.

„Падот на температурата и поврзаното зголемување на потрошувачката на гас ќе го лишат пазарот од можноста да продолжи да складира гас“, изјави Блешке за ДПА.

Веќе има складишта чие моментално ниво на полнење го надминува посочениот работен волумен на гас.