Ги губите клиентите? Еве каде грешите!

60

ocena

Фото: Pixabay

Клиентите полека ве напуштаат, а вие се прашувате зошто. Ништо не е изгубено, доколку учите од грешките. А ако не сте сигурни што тргнало наопаку, еве мал потсетник.

1. Обидувајќи се да им продадете нешто што тие претходно го купиле од вас, претставуваќи го како нов производ, вие само неумесно манипулирате со клиентите. Затоа внимавајте што нудите и на кого. Грешките од ваков тип можат да ве чинат многу.

2. Неконзистентност во испораката и квалитетот. Сте биле ли некогаш во ресторан, каде сте биле претходно воодушевени, а кој ве разочарал на следната посета? Истото ќе им се случи и на вашите клиенти ако не сте доследни и постојани во она што го работите и нудите. Тие ќе ја изгубат довербата во вашата способност, а вие во никој случај не го посакувате тоа.

3. Зголемување на цените исто така може негативно да влијае на вашите клиенти особено на оние на кои цената навистина им значи. Но, од друга страна пак, доколку тоа што го нудите е навистина одлично, цената треба да биде во согласност со квалитетот, како би го зголемиле профитот. Затоа пред да донесете одлука за зголемување на цените, проверете каде е тоа најизводливо.

4. Бавен одговор е еден од набрзите начини да изгубите клиент. Не ги оставајте вашите клиенти неинформирани. Секогаш бидете подготвени да одговорите навреме, па макар тоа да е нецелосен одговор. Молчењето во никој случај не ви е од полза.

5. Индиферентност, најлошата грешка од сите пет. Мала доза на незаинтересираност ќе ве чини многу повеќе отколку што мислите. Кога веќе сте инвестирале добра сума пари во стекнување на клиенти, не треба во ниеден момент да делувате индиферентно кон нив. Не штедете на зборови и внимание, направете клиентите да се чувствуваат посебно.