Гигант прогласи банкрот: Нов шок за автомобилската индустрија

178

Германскиот автомобилски добавувач и компанија за процесно инженерство Алгејер (Allgaier) поднесе барање за стечај.

Според германските медиуми, судот во Гепинген во вторникот назначил привремен стечаен управител. Алгејер пред една година го презеде кинеската Вестрон груп, додека пред тоа главен акционер беше семејството на поранешниот претседател на управниот одбор Дитер Хунд.

Компанијата во ноември објави дека влезот на Вестрон Груп ја вратил финансиската стабилност, а што тргнало наопаку во меѓувреме засега е непознато.

Алгајер има околу 1.700 вработени ширум светот кои беа шокирани од банкротот.

Имаат производствени капацитети и продажни места во Германија, Шпанија, Шведска и многу други земји, како и филијали во сите поголеми индустриски земји во светот.

Седиштето на компанијата е во Ухинген.