Гласот на разумот? Германскиот министер се заканува со вето на одлуката за забрана на бензинци

78

Германскиот министер за транспорт Фолкер Визинг се закани дека ќе стави вето на планот за забрана на автомобилите на бензин доколку не се дозволи синтетичко гориво да го продолжи животниот век на автомобилите со мотори со внатрешно согорување, пренесува германската новинска агенција (dpa).

Таканареченото е-гориво треба да остане во оптек во Европската унија и по 2035 година, изјави Визинг во вторникот за Билд, посочувајќи на „постоечката, огромна флота не само во Германија“.

Министерот вели дека неговата Либерална партија (ФДП), најмалиот партнер во владината коалиција, може да прифати само компромис за е-гориво што го продолжува животниот век на автомобилите.

Висинг потсети дека Европската комисија јасно поставила развојна задача која овозможува користење на климатско неутрално гориво во класичните автомобили, односно регистрација на нови возила по 2035 година.

Според сегашниот нацрт, ЕУ ќе забрани регистрација на сите нови автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година.

Висинг инсистира дека при транзицијата кон климатска неутралност мора да се истражат сите технолошки можности, а вратата мора да остане отворена за нови решенија.