Целосното раздвојување на западните и источните економии би можело да ја чини глобалната економија 5,7 трилиони долари или до пет отсто од БДП, според истражувањето на Светскиот економски форум и Оливер Вајман.
Загубата првенствено би била резултат на помалиот обем на трговија, намалените текови на капитал и пониската економска ефикасност, се додава во извештајот.
Ова сценарио најмногу би ги погодило економиите во развој, бидејќи тие би биле принудени да тргуваат исклучиво со земјите од западниот или источниот „блок“.