
Американската „Ситигруп“ ја зголеми својата прогноза за инвестиции од страна на големите технолошки компании во вештачка интелигенција на повеќе од 2,8 трилиони долари до 2029 година, што е значителен скок во однос на претходната проценка од 2,3 трилиони долари.
Причината се агресивните рани инвестиции во центри за податоци, како и зголемената побарувачка на корпорациите за решенија базирани на вештачка интелигенција.
Главните играчи како „Мајкрософт“, „Амазон“ и „Алфабет“ продолжуваат да инвестираат милијарди долари во изградба на нови капацитети, и покрај пазарните превирања предизвикани од моделот на „Deep seek“ на Кина и тарифната политика на американскиот претседател Доналд Трамп, објавува „Ројтерс“.