Глобалните трошоци за нуклеарно оружје се зголемија за 11 проценти

Трошоците за нуклеарно оружје од страна на деветте земји во светот со нуклеарно оружје порасна за 11 проценти во 2024 година, според извештајот на Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје (ICAN) објавен денес.

Годишното зголемување од 10 милијарди долари на 100,2 милијарди долари е потрошено за модернизација, а во некои случаи и проширување на нуклеарниот арсенал, според податоците од ICAN, глобална коалиција на граѓанското општество која се залага за целосно уништување на атомското оружје, објавува Ројтерс.

„Земјите со нуклеарно оружје би можеле да платат 28 пати повеќе во буџетот на Обединетите нации отколку што потрошиле за изградба и одржување на нуклеарно оружје во 2024 година“, се наведува во извештајот.

Фото: Pixabay