Го допре дното, а потоа започна бизнис што му го смени животот

86

ziv1

Пред 13 години Халил Рафати бил бездомник, зависник од хероин и живеел во злогласен кварт во Лос Анџелес. Денес е милионер, сопственик на ланец барови за природни сокови SunLife Organics, мотивациски говорник, автор и инструктор за здрав начин на живот. Првиот локал го отвора во Малибу, а потоа се проширува на уште шест различни локации во Лос Анџелес.

halil

Овој 46 годишен маж со својата животна приказна докажува дека не постои безнадежна ситуација, а деталите од неговиот живот ги пренесува во својата книга I Forgot To Die, каде опишува како пред 13 години се борел со зависноста од хероин и сиромаштија.

rafati-1

Потекнува од Охајо, но од родното место се преселил во Лос Анџелес за да побегне од лошо детство, период во кој бил сексуално злоставуван. Во книгата се потсетува на моментот кога во 2001 година намерно се предозирал на забава во Малибу, но брзата помош успеала да го спаси.

Дното го допрел во 2003 година кога завршил во затвор. Тогаш настапува неговиот пресврт во животот. Рафати решава да го смени својот живот и се посветил на тоа да остане трезен преку здрав начин на живот.

hali2

Негов пријател го внел во светот на супер здравата храна, а резултатите за него биле извонредни.
“Почнав да се чувствувам повторно жив, мојата анксиозност ја заменив со возбуда и обновување на страста за животот. Започнаа моите авантури во кујната, комбинирајќи ги здравите намирници“, вели Рафати.

batler

Соковите на почетокот ги подготвувал за пациентите од центарот за лечење на зависници од дрога, во Малибу, а за пет години центарот станува многу популарен во Холивуд. Ова го поттикнува да започне свој бизнис, ланец на барови за здрави напитоци SunLife Organics. Неговите пијалаци се базираат на алкална вода, хималајска сол и разни овошја. Најпопуларен пијалак е смутито Wolverine.

Рафати патувал низ цела Индија, Индонезија и Централна Америка каде истражувал што има да понуди традиционалната медицина. На крајот, како што вели, сфатил дека вистината не е различна од она што го препорачуваат луѓето, да се јаде овошје и зеленчук.

hali3

Меѓу љубителите на здравите напитоци на Рафати се Дејвид Духовни, Ентони Кидис, Џерард Батлер, Арнолд Шварценегер и други.