Годинава жетвата во Украина може да биде двојно помала од вообичаеното

28

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека овогодинешната жетва би можела да биде половина од вообичаеното поради руската инвазија на Украина.

Жетвата на Украина оваа година би можела да биде двојно помала од вообичаеното“, напиша претседателот Зеленски на својот Твитер профил, пренесува Ројтерс.

Претседателот на Украина напиша дека главната цел е да се спречи глобалната криза со храна предизвикана од руската инвазија.

„Сепак, наоѓаме начини како житото да се доставува преку алтернативни канали“, рече тој.