Годишната инфлација во еврозоната порасна на 2,4 отсто во декември од 2,2 отсто во ноември, во согласност со претходната прелиминарна проценка и сега е на највисоко ниво во последните пет месеци, објави денеска Евростат.
Зголемувањето на инфлацијата е резултат пред сè на базните ефекти, бидејќи големиот пад на цените на енергенсите од минатата година веќе не влијае на вкупната инфлација.
Цените на енергијата во декември пораснаа за 0,1 отсто на годишно ниво, откако паднаа за два отсто во ноември.