
Годишната инфлација во Еврозоната, според прелиминарните проценки, се зголеми во септември од два процента во август на 2,2 проценти, објави денес Евростат.
Во услужниот сектор на Еврозоната, во септември е забележана инфлација од 3,2 проценти на годишно ниво, што претставува забрзување во споредба со 3,1 процент во август.
Цените на храната, алкохолот и тутунот се зголемија за три проценти на годишно ниво, со побавно темпо од 3,2 проценти во август, а цените на индустриските стоки освен енергијата за 0,8 проценти на годишно ниво, исто како и во август.