Годишната стапка на инфлација во Грција се намали на 2,5 проценти во јануари

Годишната стапка на инфлација во Грција се намали во јануари од 2,6 проценти во декември на 2,5 проценти, објави денес Грчкиот завод за статистика (Елстат).

Податоците покажуваат дека растот на цените забавил во секторите домување и комунални услуги, транспорт, како и угостителство и хотелски услуги.

Цените на домувањето и комуналните услуги се зголемиле за 2,1 процент во споредба со јануари минатата година, што е забавување во споредба со 2,8 проценти во декември.