
Годишната инфлација во Русија е намалена на 7,71 проценти во октомври оваа година, од 7,98 проценти во септември, објави руската национална статистичка агенција Росстат.
На месечно ниво, потрошувачките цени се зголемија за 0,5 проценти, објави ТАСС.
Храната во Русија во октомври е поскапа за 1,05 проценти месечно и 9,25 проценти годишно.













