Годишната стапка на инфлација во еврозоната во август е 2,2 отсто

26

Годишната стапка на инфлација во еврозоната падна во август од јулските 2,6 на 2,2 отсто, во согласност со претходната прелиминарна проценка, објави денеска Евростат.

Инфлацијата во еврозоната сега е најниска во последните три години, поточно од јули 2021 година.

Во август цените на енергенсите паднаа за три отсто на годишно ниво, додека во јули нивниот раст претходно беше забележан за 1,2 отсто.