Gogoro, паметен електричен скутер

60

moto

Фото: Gogoro

Тајванската компанија Gogoro го претстави новиот електричен паметен скутер Gogoro 2 Smartscooter, пишува The Verge.

Скутерот може да се стартува со внесување на PIN или отпечаток на прст. Инсталирана е и LED табла на која што корисникот ќе добива информации за возењето. Корисникот ќе може да користи и апликација што ќе му дава известување каде е паркиран скутерот.

Тајванскиот старт – ап пред две години на саемот CES во Лас Вегас го претстави нивниот прв скутер Gogoro, а новата  Gogoro 2 Smartscooter верзија нуди повеќе комфор, безбедност и контрола. Новиот електричен скутер има мотор од 6,4 киловати и за 4,3 секунди може да развие брзина од 50 километри на час. Неговата максимална брзина изнесува 90 километри на час.

Од компанијата најавија дека продажбата на скутерот во Тајван ќе започне ова лето, а ќе биде достапен и на другите пазари до крајот на оваа година. Цената изнесува 1.295 долари и доаѓа во шест бои: бела, сива, портокалова, сина, жолта и црвена.