
Од земјите од Персискиот Залив во април е испорачана 57 проценти помалку нафта отколку пред почетокот на американско-израелската воена операција против Иран, објави во петокот една од најголемите инвестициски банки во светот, Голдман Сакс.
Производството на нафта во тој регион во просек овој месец е помало за 14,5 милиони барели дневно, а Голдман Сакс верува дека по обновувањето на пловидбата низ Ормутскиот теснец, ќе бидат потребни месеци производството да се врати на нивото од пред конфликтот, пренесува Данас, повикувајќи се на Тасс.
Глобалниот пазар на нафта е под зголемен притисок поради ситуацијата на Блискиот Исток, како резултат на што цената на барел референтна сурова нафта од типот Брент порасна петти ден по ред, со неделен пораст од 17 проценти.
Во четврток, цената на фјучерсите за нафта од типот Брент за испорака во јуни на Лондонската берза надмина 107 долари за барел.











