
Потенцијалното олеснување на санкциите кон Русија во случај на прекин на огнот или мировен договор за Украина нема значително да ги зголеми испораките на руска нафта на глобалниот пазар, според њујоршката банкарска групација Голдман Сакс.
Соединетите Американски Држави и Русија започнаа разговори за Украина и потенцијалното економско зближување, при што учесниците и аналитичарите на нафтениот пазар размислуваат за сценарио во кое санкциите за извозот на руската нафта би биле олеснети доколку мировните преговори бидат успешни.
Голдман Сакс вели дека испораките на руска нафта во моментов се ограничени поради договорот за намалување на производството на ОПЕК +, а не поради санкциите, пренесува Ројтерс.











