Голдман Сакс не очекува намалување на каматните стапки пред септември

18

Њујоршката банкарска корпорација Goldman Sachs  објави дека не очекува американската централна банка ФЕД да ги намали каматните стапки пред септември. Голдман Сакс во претходниот извештај предвидуваше дека намалувањето на каматните стапки ќе дојде веќе во јули.

Записниците од последниот состанок на Банката на федерални резерви(ФЕД) покажаа дека официјалните лица и понатаму се загрижени поради силните инфлациски притисоци, а некои членови на одборот дури изразија подготвеност за „понатамошно заострување на монетарната политика“ доколку се појават ризици од враќање на цените.

Намалувањето на стапката во јули „не изгледа најверојатен исход“ бидејќи податоците за инфлацијата, деловната активност или американскиот пазар на труд сè уште не се задоволителни, додаваат аналитичарите на Goldman Sachs.

Прехранбените производи во април пораснаа за 2,2 отсто на годишно ниво, со исто темпо како и во март, додека цените на енергенсите пораснаа за 2,6 отсто, што е забрзано во однос на мартовските 2,1 отсто.