Голдман Сакс не завршува со масовни отпуштања

Групацијата Голдман Сакс размислува за уште една рунда отпуштања. Според доверливи извори, американската инвестициска банка интензивно работи на третиот круг отпуштања за помалку од една година.

Прво, Голдман Сакс укина неколку стотици работни места во септември, по што следеше многу поголем круг отпуштања на почетокот на оваа година, дури 3.200 луѓе. Отпуштањата овој пат се очекува да погодат помалку од 250 луѓе и да опфатат високи вработени во фирмата, изјави за Bloomberg еден од упатените.

Портпаролот на познатата банка одби да коментира.

Банкарските директори ширум индустријата ги преоценуваат трошоците бидејќи на очекуваното закрепнување треба подолго време да се материјализира по колапсот на неколку американски банки и генерално понестабилниот пазар. Во тековниот квартал, Морган Стенли спроведува едно од најзначајните намалувања на работната сила, отпуштајќи приближно 3.000 луѓе.

Фото: Facebook