Голдман Сакс: Златото ќе продолжи да расте

19

Според аналитичарите на Голдман Сакс, приближно 8% месечна добивка на златото има простор за раст, при што благородниот метал ќе достигне 2.300 долари за унца до крајот на годината.
Во понеделникот фјучерсите поскапеа и се тргуваа до 2.182 долари за унца. Скапоцениот метал се смета за безбедно засолниште во време на геополитички тензии и пад на каматните стапки. Минатата недела Федералните резерви продолжија да сигнализираат дека ќе ги намали каматните стапки три пати оваа година.

Состанокот на ФЕД „ги засили очекувањата на пазарот дека ќе има веројатно три намалувања на каматните стапки оваа година, обезбедувајќи обновена поддршка за златото за тестирање и надминување на максимумот од претходниот март“, напиша тимот на аналитичари предводени од Саманта Дарт,пренесе СееБиз.

Аналитичарите на „Голдман Сакс“ ја надградија прогнозата за просечната цена на златото за 2024 година од 2.090 долари на 2.180 долари за унца, со цел 2.300 долари до крајот на годината.