
Министерката за финансии, Гордана Димитриоска Кочовска, објави дека вкупно 84 милиони евра од унгарскиот заем се префрлени на Македонската развојна банка. Таа исто така истакна дека побарувачката од претпријатијата е значително повисока од предвиденото.
Според нејзината денешна изјава, апликации за средства пристигнуваат од сите индустрии.
” Интересот кај компаниите е голем, очекуваме да бидат исцрпени предвидените 250 милиони евра, истакна Димитриоска Кочовска, одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето на Денот на Царината.“













