
Американската компанија за електрични возила „Тесла“ минатиот месец регистрираше голем пад на продажбата на автомобили во Велика Британија и Германија, додека, пак, кинескиот „БИД“ (BYD) забележа историски раст на продажбата во обете земји.
Во Велика Британија, компанијата „Тесла“ продаде само 987 возила минатиот месец, што е пад од 59,9 проценти во споредба со јули 2024 година, според податоците од здружението SMMT.
Дополнително, во Германија, продажбата на возила на „Тесла“ во јули се намали за 55,1 процент на годишно ниво на 1.110 единици.