Голема мудрост во неколку реченици

59

tabla

Фото: Pixabay

Умните нè подучуваат, а наше е да ја разбереме лекцијата.

Капитал има доволно, недостасува визија. Сем Волтон

Најмногу профитира оној кој добро услужува. Артур Ф. Шелдон

За да успеете во бизнисот мора да знаете сè што треба да се знае за него. Џ. Пол Гети

Компанијата е добра колку луѓето што работат во неа. Мери Кеј

Дружете се со луѓе подобри од вас, одберете соработници кои се поуспешни од вас, така полесно ќе станете еден од нив. Ворен Бафет

Ако не ги сакате вашите клиенти, тие нема да купуваат од вас. Томас Вотсон

Бизнисот е комбинација на војна и спорт. Андре Моро

Првиот ја зема остригата, вториот останува со школката. Ендру Карниџ

Ризикот не можете да го избегнете, но можете да го управувате. Нил В. Полок

Ако не правите грешки, не донесувате ни одлуки. Кетрин Кук

Малите проблеми се потешки за решавање. Сергеј Брин

Светот се менува многу брзо, а брзите ќе ги победат бавните. Руперт Мардок

Успехот е нижење на неуспеси без да се загуби ентузијазмот. Винстон Черчил