Голема наградна игра на ОНЕ

22

3c0c3460-264f-405c-8a79-611327a32ff2ОНЕ најави голема наградна игра, во која главна награда е автомобилот MINI ONE, а ќе се делат телевизори Sony Bravia 32 секој ден и Sony 3 LED еднаш неделно.

Наградната игра на операторот Патувај со ОНЕ и доби MINI ONE започнува денес и ќе трае до 29 декември, кога ќе биде извлекувањето за главната награда.

За учество на наградната игра треба да се испрати СМС порака со текст Да на бесплатниот број 1400 по што корисникот ќе добие три дена бесплатно учество во наградната игра.

По истекот на првите три дена, доколку корисникот не испрати нова порака со содржина Стоп на истиот број, тоа ќе значи дека останува во игра и се согласува со дневна претплата од 35 денари со вклучен ДДВ, која ќе му овозможи понатамошно учество во играта.

Регистрираниот корисник добива наградно прашање, а секој точен одговор носи поени за корисникот. Колку повеќе освоени поени, толку се поголеми шансите за добивка.