Голф симнат од тронот – Кои автомобили најмногу се купуваа во 2022 година?

130

Според последните податоци кои ги објави Jato Dynamics, минатата година на европскиот пазар (30 земји) се регистрирани 11,3 милиони нови автомобили.
Тоа е најниската бројка од 1985 година, а во споредба со 2019 година (пред пандемијата), падот е неверојатни 29 проценти.

Најбараниот автомобил во Европа во 2022 година е Peugeot 208 (206.816 продадени примероци), кој го симна од тронот поранешниот шампион, Volkswagen Golf.

Во исто време, Golf не падна на второто, туку на петтото место. По 208 следи Dacia, поточно Sandero, кој за 12 месеци успеа да го најде патот до 200.550 клиенти, пренесува b92.

Боите на Volkswagen успешно ги бранеше T-Roc (181.153 примероци), кој годината ја заврши на подиумот меѓу трите најпродавани модели.

Во елитата од десетте најбарани модели спаѓаат и: Fiat 500, Toyota Yaris, Opel Corsa, Hyundai Tucson, Dacia Duster и Renault Clio, кои забележаа пад на продажбата од 27 отсто во однос на 2021 година.

Фото: Facebook