Google Chrome ќе активира блокатор за реклами

36

browser-773216_960_720

Фото: Pixabay

Почнувајќи од 15-ти февруари 2018 година, Google ќе активира блокатор за реклами на пребарувачот Chrome, пишува Ars Technica. Стратегијата на Google е да се бори против блокаторите на реклами со тоа што ќе стане компанија за блокирање на реклами и со тоа ќе има поголема контрола врз самиот процес.

Блокаторот за реклами на Google ќе ги забранува само оние што не се прифатливи од Коалицијата за подобро рекламирање (Coalition for Better Ads), група од индустријата каде меѓу другите компании членуваат Google и Facebook.

На овој начин Google може да помогне во насочувањето на рекламните барања, да се осигура дека сопствените реклами се усогласени, а потоа да ги блокира сите конкурентски реклами што не се придржуваат кон регулативите.

Коалицијата не прифаќа автоматско прикажување видео реклами со звук, меѓупросторни реклами со одбројување и големи реклами што “стојат“ на веб сајтот.

Chrome ќе ги блокира горенаведените реклами, а ќе дозволи емитување на реклами што не ги иритираат корисниците. Доколку веб страната има само една реклама што не е според регулативите на Коалицијата, сите останати реклами ќе бидат блокирани, без разлика какви се.

Штом веб сајтот ќе добие предупредување дека прикажува недозволена реклама, сопственикот, односно дизајнерот на страната ќе има 30 дена да го реши тоа или Chrome ќе пристапи кон блокирање.