Google на оние кои ќе успеат да пронајдат багови во некои од неговите Android смартфони ќе им дава и до 1,5 милиони награда. Првичната сума за оваа “услуга“ беше 200.000 долари.
Премијата ќе биде доделена за оние кои ќе детектираат багови во сигурносниот чип Titan M на Pixel смартфоните од компанијата, а ќе биде пресметуван и одреден критериум.
Google досега има платено повеќе од четири милиони долари за истражувања од областа на безбедноста, од 2015 година па наваму.
Apple, Buzzfeed, Facebook и Samsung, исто така, нудат награди за пронаоѓање на проблеми со приватноста на нивните уреди, пишува BBC.
Сигурносниот чип Titan M кај Pixel телефоните има улога да го штити нивниот оперативен систем и да чува биометриски податоци што се користат за отклучување на телефонот.
Фото: Pixabay