Google ќе ги поправа граматичките грешки со помош на вештачка интелигенција

42

Google наскоро ќе започне да ги поправа граматичките грешки при пишување на мејлови со помош на вештачка интелигенција.

Наместо досегашниот начин на проверка на напишаното, “check spelling” Gmail ќе го прави тоа автоматски, детектирајќи јазични и граматички грешки.

Засега “поправките“ ќе бидат само на англиски јазик а ќе се вклучуваат веднаш, но корисникот ако сака ќе може да ги исклучи во делот Gmail settings, пишува Mashable.

Алатката ќе биде достапна за G Suite, што значи за почеток ќе можат да ја користат само компаниите. Засега не се знае кога услугата ќе биде достапна и за сите корисници на Gmail.

Google во следните неколку недели, постепено ќе ја “доставува“ новата алатка на корисните на G Suite.

Фото: Pixabay