Google ќе ви помогне да избегнете гужви кога патувате

50

Патувањето е многу повеќе од резервации на билети и хотелска соба, па од Google решија да ги унапредат функциите за да бидат во чекор со потребите на патниците.
Корисниците од сега ќе добиваат и информации за тоа кога е најдобро да се патува во некоја област, а на основа на искуствата на други патници ќе се добиваат и информации за цените и временски услови.

Тоа значи дека Google ќе помага да се избегнат гужви. Тука е табот What you’ll pay, па корисниците лесно ќе можат да ги дознаат цените за периодот во кој планираат да отпатуваат. Where to stay секцијата нуди информации за хотелите, вклучувајќи и занимливости за местото каде престојуваат.

Преку персонализирани резултати на пребарување, корисникот може да види што претходно било пребарувано, промени во хотелот каде веќе престојувал, како и понуди коишто се слични на оние кои ги бирал претходно.

Фото: Pexels